X
 31.01.2023 Живот

Се бараат кандидати што ќе бидат платени да јадат сирења и кашкавали

Доколку сакате да јадете сирења и кашкавали, можеби ја имаме вистинската работа за вас.

„Слип џанки“, истражувачка компанија која работи за компанија која продава душеци, бара учесници во истражување за влијанието на сирењето врз спиењето. Одбраните кандидати ќе добијат листа со сирења кои треба да ги јадат секоја седмица. Учесниците потоа треба да ги објаснат своите соништа, кошмари и генерално квалитетот на спиењето.

Истражувањето ќе трае три месеци, а почнува во март. Одбраните кандидати бесплатно ќе го добијат сирењето што треба да го консумираат и ќе добијат 1.000 долари за ангажманот.

Кандидатите треба да имаат најмалку 21 година, да спијат сами, да имаат постојан ред на спиење и да поседуваат паметен часовник, стои во огласот.

Претходни истражувања покажале дека млечните производи, како сирењето, може да го подобрат квалитетот на сонот.

Извор: Insider
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот