X
 24.11.2018 Технологија

Aко забележите дека „Инстаграм“ изгледа различно, не ви е хакиран. Еве за што станува збор

Ако во наредните неколку недели го отворите вашиот инстаграм-профил и забележите дека работите се различни, не се грижете, не ви е хакиран профилот, туку компанијата го тестира новиот дизајн.

Популарната апликација за споделување фотографии планира да го среди дизајнот на профилната страница за да можеме, како што вели, подобро да се изразуваме себеси и полесно да се поврзуваме со луѓето за кои се грижиме.

„Инстаграм“ објави дека наскоро би можеле да видиме промена на позицијата на одредени опции, како и начинот на кој навигираме низ табовите.

Компанијата веќе некое време работи на овие промени и планира да ги тестира во фази, и различни комбинации во наредните недели.

instagram
Фото: Instagram

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија