X
 11.09.2018 Технологија

Корисниците на „Ајос“ се цел на апликации што ги крадат и ги продаваат нивните податоци

Кога слушаме за апликации што ги крадат корисничките податоци или како приватните информации се делат со трета страна, обично во комбинација е некаков „малвер“ или лошо прегледани апликации на „Андроид“.

Но, тимот од „Гардијан ап проџект“ откри десетина апликации за „Ајос“ што следат и споделуваат, односно им продаваат податоци за корисниците на други компании.

Според информациите на тимот, се следат повеќе од десет милиони мобилни уреди низ светот. Во повеќето случаи апликациите следеле и проследувале точни податоци за локацијата, но и други податоци што може да се искористат за идентификација на корисникот. Проблемот е во тоа што во условите на користење на корисниците на ниту еден начин не е кажано дека ваквите податоци ќе се собираат и ќе се продаваат.

апликации
Фото: Getty Images


На листата се наоѓаат многу апликации за временска прогноза, за купони и попусти, кои од корисниците барале пристап до податоците за локацијата. Но, апликациите собирале и податоци преку блутут и безжични мрежи на кои корисникот се поврзувал. Исто така, собирале податоци од различни сензори во уредот и сето тоа го испраќале на трета страна.

Од „Епл“ засега нема коментар, но од „Гардијан ап проџект“ советуваат апликациите да се отстранат од уредот или да им се укине пристапот до податоците за локација и сензори.

ТУКА можете да проверите кои апликации треба да ги избришете.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија