X
 17.03.2016 Култура

Кои земји најмалку знаат за сопствените општествени проблеми?

Без разлика на тоа колку знаете за најновите случувања во светот, лесно е некогаш да се изгубите и да не ги следите најновите случувања. Според анкетата направена од „Ipsos MORI“, некои делови од светот малку повеќе „забораваат“ или пак не се интересираат за тоа што се случува околу нив.

 

zemja


Британскиот институт за истражување испитуваше повеќе од 1.500 индивидуалци од 33 различни земји. На испитаниците им била поставена серија на прашања поврзани со различни социјални и политички проблеми во нивната земја како на пример: „Која е просечната годишна плата за работник со полно работно време?“ и „На колкава возраст мислите дека е просечниот човек?“

Резултатите од истражувањето откриваат дека голем број претпоставките во светот се интересни.

На пример, речиси во секоја земја се потценува колкав проблем е дебелината, а само Кина, Јапонија и Индија го проценуваат износот на тежината на луѓето со прекумерна тежина. Друго често погрешно сфатен проблем е имиграцијата: просечното погодување низ земјите е дека 23% од населението се емигранти, а во реалност тоа се 10%.

Ова се 20-те земји кои се најдоа на најниско место во истражувањето:

1) Мексико

2) Индија

3) Бразил

4) Перу

5) Нов Зеланд

6) Колумбија

7) Белгија

8) Јужна Африка

9) Аргентина

10) Италија

11) Русија

12) Чиле

13) Велика Британија

14) Израел

15) Австралија

16) Јапонија

17) Канада

18) Германија

19) Холандија

20) Шпанија

Важно е да се запомни дека проблемите позади овој прашалник се повеќеслојни и се однесуваат на сите видови на социо-економски фактори, културна чувствителност како и прашања од собирање податоци. Боби Дафи, управен директор на „Ipsos MORI“, објаснува дека некои сили би можеле да влијаат и да ги обликуваат резултатите од анкетата.

„Низ сите 33 земји во истражувањето, секое население греши во нешто. Често пати се греши за фактори кои нашироко се застапени во медиумите или се означени како предизвици со кои се соочуваат општествата. Знаеме од претходните истражувања дека ова е делумно поради тоа што се преценува она за кое се грижиме“, вели тој.

„Постојат повеќе причини за овие грешки - од борбата со едноставна математика и пропорции, медиумско покривање на прашањата, па се` до социјални психолошки објаснувања за нашите предрасуди. Исто така јасно е од нашиот „Индекс на незнаење“ дека земјите имаат тенденција да имаат релативно лош интернет продор: со оглед на тоа што е онлајн анкета, и со тоа се заклучува дека средната класа и поврзаното население генерализираат од лично искуство, и не се однесува на поголемиот спектар на околности на целата популација во земјата“, завршува тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура