„Passport Index“ објави
нова ранг листа за 2016 година со податоци кои земји во светот имаат најмоќни пасоши. Станува збор за веб страна која ги рангира нашите патни исправи (пасошите) со мерење на бројот на земји кои можат да бидат посетени без аплицирање за виза.
Ранг листата за 2016 година ги става на врвот Германија, Шведска и Финска. Носителите на германски пасоши може да посетат 158, на шведските пасоши 157, додека на финските пасоши 156 земји без притоа да треба да аплицираат за виза.
Минатата година САД и Велика Британија беа на врвот, додека оваа година британскиот пасош е рангиран на третото место, при што го ужива истиот статус како и Франција, Швајцарија, Финска, Шпанија и Јужна Кореја, додека САД е на четвртото место заедно со Сингапур, Данска, Италија, Холандија, Белгија и Норвешка.
Најниско рангирани пасоши се оние кои се издаваат во сиромашните земји, каде често има конфликти.
Така државјаните на Авганистан може да посетат 24, на Пакистан 27, а на Сомалија и Сирија 31 земја без да аплицираат за виза.
Македонија оваа година е на 38 место, со можност за патување без визи во 107 земји. Минатата година Македонија беше на 33 место на листата, со дадена можност Македонците да патуваат во 101 земји без потребни визи.