X
 23.02.2016 Образование

Лесно е да се биде школуван, тешко е да се биде образуван

Школувањето се стекнува со „бубање“ и упорност, додека образованието се стекнува со постојана перспективна експанзија, љубопитност и желба од себе да направиме сестрана, квалитетна личност. Голем проблем е што денешната младина не чита. Воопшто. Тоа се луѓe на кои припаѓа иднината, луѓе кои утре ќе управуваат со државата, ќе лекуваат луѓе, ќе градат мостови и ќе ги учат нашите деца.
Денес на луѓето тешко им е да прочитаат било што подолго од три реченици. Една работа е тоа што си скратуваат да читаат книги и со тоа си го скратуваат знаењето, а сосема друга работа е што се скратени од чудесните светови кои ги нуди книгата. Она што најчесто го слушаме е: „Ех, кој ќе чита, види колку страни има!“.

Од една страна не сме свесни за фактот дека ако се образуваме не значи дека стануваме аморфни маси без свое мислење, и како такви најлесно е со нас да се манипулира. Од друга страна, речникот ни е сведен на пцовки, жаргон и навредливи зборови. Мал број на луѓе денес знаат дали е правилно НЕЗНАМ или НЕ ЗНАМ. Имав можност да се уверам дека факултетот не значи ама баш ништо, во смисла на тоа дека школуваната личност не мора да биде и образована. Има титула, ама нема знаење. Веројатно за тоа е виновен системот во кој живееме. Некој ќе каже дека читањето е губење времен. Мене често ми зборуваа дека го идеализирам светот токму поради тие мои „книги“, и дека се` гледам од ведрата страна затоа што сум прочитала премногу бајки.

Јас се прашувам, кој тука губи?
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование