X
 02.03.2021 Образование

Завршна конференција на УКЛО: Заедно за добросостојбата на децата од ранливи популации

Од 4-5 март 2021 г. на хибриден начин (во хотел Театар Битола и „Зум“) ќе се одржи завршната конференција на проектот „Психосоцијални и здравствени интервенции за добросостојбата на децата од ранливи популации“ со акроним In4Child, кој е финансиран од програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија 2014 - 2020.

Учесниците на конференцијата преку платформата „Зум“  ќе ги сондираат ставовите и ќе се осврнат со резимеа за темата: „Психосоцијални и здравствени интервенции за добросостојбата на децата од ранливи популации“  со симултан превод на македонски и на англиски јазик.

На отворањето на конференцијата, покрај министерот за локална самоуправа, Горан Милевски,  свои обраќања ќе имаат и Наташа Петровска, градоначалник на Општина Битола, ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, проф. д-р  Сашо Коруновски, и од име на организаторот, Домника Рајчановска, директор на Висока медицинска школа - Битола.

Инаку, проектот In4Child е кофинансиран од Европската Унија и националните фондови на земјите учеснички во програмата.
Завршната конференција на проектот „Психосоцијални и здравствени интервенции за добросостојбата на децата од ранливи популации“ со акроним In4Child и на тема „Заедно за добросостојбата на децата од ранливи популации“ се одржува во организација на Високата медицинска школа, единица на Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола.

Поради пандемијата на Ковид-19, Конференцијата се одржува со опција за виртуелно учество што е во согласност со општите ковид-услови и мерките за заштита на јавното здравје.

zum

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование