X
 21.03.2016 Живот

Општеството да се разбуди, тука сме заедно да постоиме




 
„ Ние сакаме да Ве разбудиме и да Ви покажеме какви убавини постојат на овој свет. Различни, а на свој начин совршени“.

Ова го велат две мајки на деца со посебни потреби, две мајки хероини кои се дел од кампањата „Будење“, чија цел е да го разбудат општеството и да го потсетат на потребите на дечињата со посебни потреби. Анче Туфекчиева, е мајка на девојче со даунов синдром, основач и член на Здружението „Вера“ од Струмица - здружение за помош и поддршка на лица со пречки во развој, а другата хероина е Даниела Мирческа, мајка на дете со ретка болест и регионален координатор на „Ресурсен центар за помош и поддршка на родители на деца со пречки во развој“. Тие заедно со Ирена Мила и Елена Фидановска - фотографки и активистки и илустраторката Верица Пиперевска, самоиницијативно ја започнаа кампањата „Будење“ на денешниот светски ден на лицата со Даунов синдром.



- Ова е денот и месецот кога се расонуваме од меланхолијата, од заспаното општество. Време е да се разбудиме на многу полиња. На денешната прес конференција каде ја промовиравме нашата кампања „Будење“ заедно со Иванна Хаџиевска ја презентиравме и изложбата со фотографии. Денес, ваква изложба ќе има и во Центарот за култура Антон Панов - Струмица, во 19:30 часот. Дојдете да ја почувствувате енергијата која ја доживеавме, љубовта, убавината, чистотата и способноста на нашите нови пријатели, кои сакат да ви пренесат една порака: разбудете се, тука сме за заедно да постоиме - велат тие.

Во своите излагања на прес -конференцијата се осврнаа на моменталните прилики за децата и лицата со попреченост, нивните родители и семејства, како и промените што се неопходни за да се “разбуди“ општеството и да ги прифати лицата со попреченост, да ги препознаваат нивните способности и да ги афирмираат како рамноправни членови на заедницата. Посебно внимание се посвети на социјалните аспекти, важноста на сеопфатната инклузија и подобрувањето на образовните капацитети.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот