X
 22.03.2016 Наука

Збогум за хемикалиите - Микробите се новите природни пестициди

Хемикалиите излегоа од мода. Со денешните правила за производство на храна, хемиските состојки и пестициди кои го подобруваа производството во 20-от век сега не се толку популарни. Наместо нови хемикалии, земјоделските компании пробуваат нова стратегија: Тие гледаат кон природата за инспирација.


Каде поточно? Речиси секаде - во екстракти од растенија, во микроби од почва во отров од пајак. Овие, таканаречени „биологикалии“ се малку понапредни од хемикалиите, впрочем. Природно добиените производи моментално се најдобро оценети и привлекуваат и нови и веќе докажани компании.

Инвестициите во овие нови состојки се нови, но самата идеја не е нова. Органското производство постои и се практикува долго време, во кое најчесто користени бактерии се Bacillus thuringiensis, кои се користат како пестицид, а генот за отровот генетски се модифицира во голем дел од пченката и памукот кој се произведува во САД.

Се работи на барање други вакви состојки. „Монсанто“ тестира 2.000 бактерии изолирани од почвата, кои доаѓаат од сите делови од светот. Компанијата бара бактерии кои може да ги напаѓаат инсектите, тревите и габите. Помали компании, како „Bio Consortia“, „New Leaf Symbiotics“ и „Indigo Agriculture“, исто така, се наоѓаат во трката за наоѓање биолошки стимуланси, кои ќе го поттикнат растот на растението, но не се синтетички.

„Marrone Bio Innovations“ е компанија која се специјализира во биопестициди. Оттаму велат дека додека за еден хемиски пестицид се потребни 3 години за да се одобри употребата, биопестицидите се одобруваат за половина од тоа. Компанијата веќе нуди биопестициди на пазарот за употреба против инсекти и други штетни фактори. Сите тие се резултат од тестирање на 18.000 бактерии на почетокот на работата на компанијата.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука