Група научници претставиле предлог за пуштање големо количество хемикалии во облик на аеросоли од 125 огромни воени авиони над Јужниот и Северниот Пол за да се замрзнат сантите што се топат. Овој план е контроверзен според експертите.
За да успее предложената мисија, би требало да се прават по 175.000 лета со авион секоја година. Овие авиони би испуштале големо количество јаглероден диоксид во атмосферата, но истражувачите сметаат дека сепак би вредело.
Според планот, би биле испуштени микроскопски честички од сулфурен диоксид на половите. Овие честички треба да блокираат дел од сончевата светлина, со што ќе се заштитат половите од топлината.
Според процените, над 13 тони од честичките испуштени во правилното време од годината би ги изладиле поларните региони за 2 Целзиусови степени.
Експертите сметаат дека испуштањето јаглероден диоксид од авионите на голема височина е лоша идеја, а засенувањето на Сонцето може да има несакани последици, како негативни ефекти врз агрикултурните системи.
Извор:
Futurism
Насловна фотографија: Pixabay