X
 31.07.2021 Наука

Микроби во желудниците на кравите може да помогнат во рециклирање на пластиката

Микроби во стомаците на кравите можат да проголтаат одредени видови на пластика, вклучувајќи го и полиетилен терефталатот (PET), кој се користи за правење шишиња, амбалажи за храна и синтетички текстил.

Научниците ги откриле овие микроби во течностите извлечени од бурагот (преден желудник), кој е најголемиот дел од желудникот на преживарите. Во преживарите спаѓаат копитари како говеда и овци, кои се потпираат на микроорганизмите за разложување на храната која ја јадат. Бурагот дејствува како инкубатор за тие микроби, кои или ја варат или ја ферментираат храната која ја консумираат преживарите, сметаат во Универзитетот во Минесота.

Истражувачите се сомневале дека некои микроби кои се кријат во бурагот кај кравите би требало да се способни да ги сварат полиестрите, супстанци чии компонентни молекули се поврзани со таканаречени естерски групи.

Тоа е така затоа што кравите бидејќи се тревопасни животни консумираат природен полиестер создаден од растенијата наречен кутин. Како синтетички полиестер, PET има слична хемиска структура со оваа природна супстанца.

Кутинот го сочинува поголемиот дел од кутикулата, односно надворешниот слој на ѕидовите на клетките на растенијата, и може да се најде во изобилство кај лушлпите на доматите и јаболката, на пример, вели Дорис Дибич, научник при Универзитетот на природни извори и животни науки во Виена.

-Кога габите или бактериите сакаат да навлезат во таквите овошја, тие произведуваат ензими кои се способни да го расцепат овој кутин или да ги раздвојат хемиските врски во супстанцата - вели Рибич.

Конкретно, класата на ензими наречена кутинази можат да го хидролизираат кутинот, што значи дека можат да започнат хемиска реакција во која молекулите на водата ја разделуваат супстанцата на делови.

Рибич и нејзините колеги во минатото ги изолирале таквите ензими од микробите и сфатиле дека кравите може да се извор на слични бактерии кои јадат полиестер.

-Овие животни консумираат и деградираат многу раститенија, па многу е веројатно дека може да се најдат такви микроби кои живеат во стомаците на кравите - вели Рибич.

И во нивната нова студија истражувачите посочуваат дека утврдиле оти микробите од бурагот на кравите не само што можат да разложуваат PET, туку и две други пластики - полибутилен адипат терефталат (PBAT) и полиетилен фураноат (PEF).

За да прценат колку добро микробите од бурагот можат да јадат пластика, тимот инкубирал од сите видови на пластика во течност од бураг и ги оставал да стојат од еден до три дена. Така можеле да ги измерат нуспроизводите испуштени од пластиката за да утврдат дали и до кој степен бактериите го разложиле материјалот.

Течноста од бурагот најефикасно го разложила полиетилен фураноатот, но ги разложила сите три видови на пластика, соопшти тимот.

Потоа тимот земал примероци од ДНК на течноста од бурагот за да види точно кои микроби се одговорни за разложувањето на пластиката. Околу 98 отсто од ДНК-та припаѓало на царството на бактерии, а најдоминантен род биле Pseudomonas, од кои во минатото за неколку видови се покажало дека разложуваат пластика.

Рибич и нејзиниот тим сакаат детално да ги анализираат бактериите во течноста во бурагот кои јадат бактерии и да утврдат кои ензими ги користат бактериите за да ја разложат пластиката.

Ако идентификуваат ензими што може да се корисни за рециклирање, можат со генетички инженеринг да создадат микроби кои ќе ги создаваат тие ензими во голема количина, без потреба од собирање на микроби од стомаците на кравите.

Извор: Science Alert
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука