X
 23.03.2016 Наука

Отстранет ХИВ од човечките имунолошки клетки со нова техника

Користејќи ја CRISPR/Cas90 техниката на уредување на гените, научниците покажаат дека сега можат да го уредат ХИВ од човечките имунолошки клетки на ДНК, и со тоа можат да спречат повторна инфекција на недопрените клетки.

 

клетки


Ако не сте слушнале досега за оваа техника, подготовете се да слушнете повеќе оваа година, бидејќи претставува еден вид на револуција на испитување и третирање на коренот на причините на генетска болест. Им овозможува на внаучниците да намалат на специфичен ген и да ги сечат и копираат деловите на ДНК за да ја променат неговата функција.

CRISPR/Cas9 е она за што истражувачите во Велика Британија неодамна добиле одобрение за користење на човечки ембриони за да можат да откријат како да ги подобрат IVF стапките на успех и да ги намалат спонтаните абортуси.

Претходно оваа година, научниците започнале да ја користат оваа техника за успешно да лекуваат генетски болести - Душенoва мускулна дистрофија кај живите цицачи за прв пат, а сега се покажува вистински потенцијал за можен третман на ХИВ во идина.

Во основа, ако сакате да „едитирате“ или уредите ДНК на вирус во рамките на една човечка клетка, потребна ви е бактерија која ќе се судри со овој вирус, и ќе произведе RNA која е идентична со секвенцата на виртуелната ДНК.

Оваа RNA ќе се задржи до ензимот Cas9, и заедно ќе бараат вирус кој им одговара. Откако ќе го пронајдат, Cas9 го уништува.

Со оваа техника, истражувачите од Темпл Универзитетот успеале да ја елиминираат HIV-1 DNA од Т клетките во човечкиот геном во лабораториските култури, а кога овие клетки подоцна биле изложени на вирусот, тие биле заштитени од инфекцијата.

„Наодите се доста важни од многу причини. Тие покажуваат дека системот може да ги заштити клетките од реинфекција и дека технологијата е безбедна за летките, без токсични ефекти“, вели истражувачот Камел Калили.

Се`уште има доста работа за подготовка на техниката, меѓутоа ова дефинитивно е возбудлив прв чекор.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука