X
 26.03.2016 Живот

Експеримент за најхрабрите: Живејте како директор една недела

Една новинарка од „Бизнис Инсајдер“ одлучила да истражи како е да се функционира како директор на компанија. Таа го позајмила распоредот на Ден Ли, директор на компанијата „Next Desk“, која се занимава со производство на компјутерски маси за стоење.


За почеток, новинарката морала да започне да станува многу рано - во 3:30 часот наутро. Тоа, вели Ли, му овозможува максимално искористување на денот. Не е тајна дека успешните луѓе стануваат рано.

Извршниот директор на „Apple“, Тим Кук, станува околу 4 часот наутро, а Тајгер Вудс влегува во теретана пред да излезе сонцето. Еве како изгледале распоредите на Ден Ли и новинарката, Сајрус Инџинер.

Утринска рутина на Ден Ли

3:30 - Станување. Пиење две литри вода, две лажици кафе или чај и сок.
3:45 - Време поминато во игра со домашно милениче.
4:15 - Читање книга.
5:15 - Вежбање на отворено или во теретана.
6:15 - Туширање, бричење, заминување на работа.
7:15 - Почеток на работниот ден.

Утринска рутина на новинарката

3:30 - Будење и рутина како Ли.
3:45 - Читање (нема домашен миленик).
4:45 - Трчање. 5:30 - Доручек, туширање.
6:15 - Заминување на работа.

Недела навечер

Како што се ближел почетокот на неделата, новинарката била преплавена од паника поради помислата дека секое утро треба да станува во 3:30. Таа легнала во 19:30, но тоа било прерано бидејќи не заспала до 22:30.

Почеток

„Пред да трепнам заѕвони алармот на првиот ден на мојот експеримент. Навистина се потрудив да станувам според планот, но сериозно размислував да се откажам и пред да почнам“, пишува таа. Првото утро било чудно за неа. Големото количество шеќер од сокот и кофеинот ѝ помогнале да се разбуди. На почетокот имала главоболки, но потоа тие исчезнале.

Читањето наутро има лоши и добри страни

Според новинарката, Ли многу време посветува читајќи. Бил Гејтс, исто така, еднаш изјавил дека чита една книга неделно. Идејата дека ќе чита повеќе ѝ се допаднала на Инџинер, но седењето во дневната соба во 3:45, знаејќи дека ја чека напорен ден со обврски не било толку релаксирачко како што се надевала.

Утринското вежбање е одлично

Ова била најпозитивната страна од рутината за новинарката. Методот ја елиминира опасноста од откажување од намерата за вежбање. Трчањето по празни улици било малку необично за неа, но било одличен начин за будење.

Заминување на работа

Одењето на работа за неа порано било многу повеќе стресно отколку неделата за време на која го правела експериментот. Тоа веројатно било затоа што била будна веќе со часови и имала читање и вежбање претходно.


Утрото лесно - попладнето тешко

Додека утрата ѝ поминувале многу бргу, секое попладне за Инџинер било мака. Тогаш започнувала да ги чувствува последиците на раното будење и имала чувство дека постојано гледа на часовникот.

„Не сум сигурна како Ли се снаоѓа во овој дел од денот, но јас едвај успеав да се држам. Очите започнуваа да ми се затвораат и гледањето во мониторот стануваше вистинска борба“, вели таа.

Инџинер додава и дека иако неговите утра биле без стрес, истото не може да го каже и за враќањето дома.

„Толку сакав да се вратам дома што трчав од канцеларијата до железничката станица и нервозно ги одбегнував спорите пешаци. Во таа силна желба да стигнам дома што побргу дури двапати се симнав на погрешна станица, а потоа истата грешка ја направив трипати во автобус“, пишува таа.

Апетитот исчезнал

Додека ја следела рутината на Ли, прехранбените навики од претходно се распаднале. Таа имала два оброци на ден и немала апетит за повеќе.

На крајот...

Кога сè завршило, Инџинер истовремено почувствувала олеснување и задоволство. Таа бил поисцрпен како што поминувала неделата и немала можност да надомести за изгубениот сон.

„Станав понервозна и навистина не уживав во своите денови. Плус, не е потребно да се каже дека деновите делуваа бесконечно долги, на што никогаш не би успеала да се навикнам. Така, иако раното станување можеби им одговара на бизнисмените, сигурна сум дека не е за мене“.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот