Роман Овсењов, директор на гимназијата „Источноевропски културен клуб“ во Саратов (846 километри од Москва) неочекувано станал популарен ширум целиот свет благодарејќи на краток, но многу динамичен танц за време на церемонијата „последно ѕвонче“ посветено на крајот на училишната година во Русија.
Опкружен со гимназијалците, директорот танцувал на песната „Лондон, гуд бај“ од групата Кармен, која била популарна во текот на 1990-те.
Директорот го покажал својот талент пред учениците и нивните родители, но и пред гувернаторот на областа, Валериј Радајев и министерот за образование во областа, Марин Јепифанов, кои исто така присуствувале на церемонијата.
Во руските училишта се организираат свечени церемонии за „збогување со училиштето“ на крајот на мај, на кои учествуваат наставниците и вработените во училиштето, учениците и нивните родители.