X
 30.03.2016 Образование

Образованието не познава граници: Поглед во училиште кое плови на вода

Акинтунде Акинлеје е првиот нигериски фотограф кој добил награда на натпреварот за најдобра новинарска фотографија. Акинелје нè носи на обиколка низ пловечкото училиште во Нигерија.


Училиштето се наоѓа во Макоко, населба во Лагос. Во ова необично училиште се запишани 47 ученици. Училиштето е првото кое донело бесплатно образование во населбата позната како Венеција во Лагос. Тоа претставува надеж за речиси 100.000 жители кои живеат таму. Училиштето било изградено од дрво собрано од околината, а плови на стотици рециклирани пластични буриња. Училиштето претставува можност за младите да користат електрична енергија и вода, што недостасува во многу семејества.

Макоко било создадено пред стотици години како рибарско село, но со промената на климата и брзата урбанизација, начинот на живот овде е загрозен. Училиштето, дизајнирано од нигерскиот архитект Кунле Адејеми, се адатира на нивото на водата, кое се менува, и било изградено за да издржи невремиња и поплави кои се чести за време на дождливиот период кој трае четири месеци. Досега, во училиштето одат 47 ученици, а до него доаѓаат со кану.

ГАЛЕРИЈА


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование