X
 01.04.2016 Наука

Зошто понекогаш имаме чувство дека времето лета?

Истражувањата покажуваат дека најбргу поминуваат 40-те, а најспоро детството и раната младост. Ви се чини дека не сте трепнале, а работната недела веќе поминала. Ви се ближи роденденот, а единствената работа за која размислувате е како е можно веќе да дувате 40 свеќи. Одеднаш, забележувате дека времето навистина лета, како што се вели народски. Но, научно е докажано дека како што старееме, времето ни минува сè побргу.


Уште во 1890-та година, психологот Вилијам Џејмс објаснил дека како старееме, времето се забрзува бидејќи во возрасниот период има помалку настани за помнење. Во детството се случуваат многу работи за првпат, од тргнувањето на училиште, до патување итн, што прави да ни изгледа дека времето минува бргу.

Од друга страна, поради понебројните нови искуства во зрелите години се добива впечаток дека деновите и неделите се спојуваат. Дополнителен одговор на ова прашање дава и истражување од Универзитетот во Минхен од 2005 година. Сите испитаници, без оглед на годините, верувале дека времето изразено со помали интервали, како недели или месеци, поминува побргу. Но, кога на испитаниците им било поставено прашањето за брзината на поминувањето на времето во изминатата деценија, научниците забележиле дека постарите почесто изјавиле дека времето поминало побргу.

Според ова истражување, најбргу поминуваат 40-те години, а по 50-та година, чувството за минување на времето не расте и останува непроменето до крајот на животот.

Психолозите имаат објаснување за оваа парадоксална појава дека „годината поминува, а денот никако“. Во текот на монотоните и многу познати секојдневни активности, како чекање во редици или патување до работното место, времето се развлекува бидејќи не се случува ништо ново, а мозокот нема никакви информации кои би можел да ги процесира. Затоа, на квалитетно поминатите одмори и патувањатаа времето изгледа како да поминало значително поспоро, бидејќи доживуваме нови искуства.

Во тоа е трикот. Времето може да го успориме со тоа што ќе обрнуваме внимание на она што ни се случува и ќе ги забележуваме работите околу нас.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука