Нов ден, нов скандал во „Фејсбук“.
Повеќе од 419 милиони записи во бази на податоци за стотици милиони корисници, вклучително и нивните лични телефонски броеви, биле зачувани на незаштитен сервер. Тоа значи дека секој можел лесно да пристапи до податоците, што е иритирачки пропуст во однос на сајбер-безбедноста.
Дивиот сервер, за кој не е јасно од кого бил администриран, бил откриен од страна на истражувачот за безбедност Санјам Џаин, кој посочил на грешката откако не можел да сфати кому му припаѓа серверот или зошто не бил заштитен. Веднаш по реакцијата серверот бил
повлечен.
- Сетот на податоци е стар и изгледа има информации добиени пред да направиме промени минатата година за отстранување на способноста на луѓето да наоѓаат други луѓе користејќи ги нивните телефонски броеви. Тој е тргнат и не видовме докази дека профилите на „Фејсбук“ се компромитирани - истакна портпарол на „Фејсбук“.
Вестите доаѓаат откако неодамна „Фејсбук“ беше фатен како „ненамерно“ чува стотици милиони лозинки во обичен текстуален фајл.