Протечените документи од Панама предизвикаа дебата на тема на начините на кои јавните лица го одбегнуваат данокот, криејќи ја готовината на офшор-сметки.
Паоло Вудс и Габриел Галимберти се двајца фотографи кои веќе две години се занимаваат со земјите кои се сметаат за даночни рајови. Делавер, Џерси, Сингапур, Панама, Луксембург, Холандија - овие фотографии од Галимберти и Вудс покажуваат таинствени светови кои се сосема различни од она што го замислуваме.
Офшор-центрите се олицетворение на одбегнувањето данок: таинственост, нелегитимно банкарство и екстремно богатство. Се проценува дека во даночните рајови ширум светот се кријат околу
20 трилиони британски фунти, односно 13 пати повеќе од бруто-домашниот производ на Обединетото Кралство.
Многу голем дел од парите сокриени од компаниите и богатите индивидуалци се наоѓаат на офшор-сметки за да се одбегнат даноците.
Даночните рајови не се само места со одморалишта и плажи, туку претставуваат инструмент на глобалната економија која е оддалечена од моралните принципи и јавноста.
Во новиот документарен филм од „FullBleed“, Галимберти и Вудс се потсетуваат на времето додека ги фотографирале овие даночни рајови. Погледнете го краткиот документарен филм подолу.