Шведската академија, која ги избира добитниците на Нобелова награда за книжевност, призна дека во јавноста однапред излегле имињата на некои од претходните добитници на наградата и вети дека ќе ги промени правилата што се однесуваат на нејзиното функционирање.
Фото: Getty Images
Исто така, Академијата тврди дека во рамките на оваа институција не знаела за наводното сексуално несоодветно однесување на еден маж, оженет за еден од членовите на Академијата, што предизвика контроверзии.
Скандалот избувна кога 18 жени го обвинија Жан-Клод Арно за сексуално несоодветно однесување во ноември минатата година. Арно, роден во Франција, е во брак со Кетрин Фростен, член на шведската Академија и поетеса, која неодамна поднесе оставка во Академијата.
За време на истрагата за случајот на сексуално несоодветно однесување поврзано со Арно се појавија и тврдења дека идентитетите на претходните добитници на наградите однапред биле откриени.
Шведскиот весник „Дагенс Нихтер“ претходно објави дека Арно неколкупати открил доверливи информации од состаноците на Академијата, но Академијата не идентификувала кој бил изворот на протекување на информациите.
Адвокатот на Арно, Бјорн Хуртинг, изјавил дека неговиот клиент ги негира сите наводи за сексуален напад, како и оние за протекувањето на имињата на добитниците.
Шведскиот премиер Стефан Лофвен, кралот Карл XVI Густав и
Нобеловиот комитет ја изразија својата загриженост. Комитетот брои 18 члена ставени на таа должност доживотно и технички не им е дозволено да го напуштат местото.