X
 02.07.2019 Живот

Внимание: Купувањето евтини копии во овие земји може да ве однесе право в затвор!

Во текот на вашиот одмор може да паднете во искушение да купите евтина копија од познат светски бренд како сувенир. Но, во некои земји купувањето на овие производи е против законот.

Дали сте подготвени поради една копија да платите казна од неверојатни 300.000 евра или да лежите во затвор?

Според податоците од Европскиот потрошувачки центар, не се сите земји во Европа должни да имаат ист закон кога станува збор за фалсификувањето стока. Во некои земји како Шпанија, Грција и Германија е сосема легално да купувате и да продавате копии од познатите светски брендови.

Но, постојат земји каде што казните се огромни, а ако бидете фатени со копија, можете да завршите и во затвор.

Белгија

Туристите што доаѓаат во оваа земја и со себе ќе понесат евтини копии, ќе мора да платат казна од 500 до 100.000 евра. Тука спаѓаат и нелегално набавените филмови.

Австрија

Оние што купуваат копии преку интернет во оваа земја се безбедни. Но, ако се обидете да внесете копија во оваа земја, ќе се соочите со казна од 15.000 евра.

kupuvanje
Фото: Freepik

Ирска


Според податоците на Европскиот потрошувачки центар, ако некој внесе каква било копија во оваа земја, се смета за криминалец. Туристите можат да завршат во затвор и до 12 месеци, во зависност од вистинската вредност на оригиналот. Ако оригиналот е поскап од 250.000 евра, тогаш туристот може да заврши во затвор до 5 години.

Дубаи


Како една од најригорозните земји што се однесува до законите, Обединетите Арапски Емирати немаат официјален закон против евтини копии, но се води како да имаат. Моментално не се познати официјалните казни со кои туристите би се соочиле ако во земјата внесат или купат евтина копија.

Франција


Царинскиот закон вели дека паричната казна е до двапати повисока од вредноста на предметот за туристите што ќе внесат фалсификати во земјата, а тоа значи казна до 300.000 евра.

Исто така, туристите можат да се соочат со затворска казна до 3 години, а може и до 10 години ако се дел од организирана група која увезува лажни предмети.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот