X
 10.04.2016 Култура

Што всушност значи зборот ИКЕА?

Кампард во разговор за еден шведски весник во 2008 година вели дека најголемото богатство на ИКЕА е во неговите продавачи.

 

икеа


„Јас припаѓам на тие луѓе. Ако сакам нешто да дознам не ги прашувам менаџерите, разговарам со продавачите“.

И покрај тоа што има многу пари, тој и денес ги разгледува промотивните каталози на своите продавници, на 90 годишна возраст.

Син на селанец од Смаланд, сиромашна и побожна провинција во јужниот дел на Шведска, Кампрад стана еден од најбогатите луѓет во светот со едноставно ветување на своите корисници: „Куќа од соништата по цени од соништата“.

Од Лос Анџелес до Сиднеј, од Лапонија до Хонг Конг, сите го прифатија овој феномен. Неговата империја ширум светот вработува 150.000 вработени и годишно заработува 3 милијарди долари. Иако во последните години се повлече од бизнисот, Кампард се`уште одблизу го следи успехот на неговиот бизнис.

Приказната за Икеа


Незаинтересиран за студирање, 17 годишниот Ингвар се заинтересирал за трговијата. Во соседството во кое било важно штедењето, Кампард се борел со конкуренцијата со ниските цени. Продавал пенкала, рамки за слики, декоративни предмети, машини за пишување и велосипеди. Во 1947 година на пазарот го понудил и првиот мебел направен од локалниот столар. Четири години подоцна го лансирал својот прв каталог. Денес се печати во 200 милиони примероци.

Еден работник во 1956 година му предложил дека за време на превозот добро би било да се отстранат ногарките од масата за да ја собере во багажникот. Концептот на склопување на мебелот, поедноставно и поевтино за чување и транспорт, станува уметност на ИКЕА. Познатиот акроним ИКЕА всушност значи Ингвар Кампард, Елмтарид и Агунарид, што му била тогашна адреса.

Во 1958 година Кампард ја отворил својата прва продавница за мебел во Алмхулт. Пет години подоцна започнува со пробивање на меѓународниот пазар. Тој верувал дека неговиот рецепт може да помине секаде: ниски цени, ниски трошоци, стандард квалитет, самофинансирање и скандинавски дизајн.

До 1970 година ги освоил Швајцарија, Австралија, Канада, Франција, Америка и Русија. Успеал и во Азија и на Блискиот Исток. ВО 1973 година се преселува од Шведска во Данска, а во 1977 во Швајцарија.

Нетранспарентната структура на ИКЕА е уште едно наследство на неговите претприемачки квалитети. Извршните функции, стратегиите и дизајнот и понатаму се во Смаланд, но со сметководителството и од правна гледна точка, ИКЕА е поделена помеѓу фондации и компании во Холандија, Швајцарија, Луксембург и Лихтенштајн. Компанијата често се обвинува дека избегнува да плаќа милијарда евра даноци, а ИКЕА тврди дека сето тоа го прави според меѓународните и националните закони.

Уште една сенка над основачот на ИКЕА биле неговите млади денови во шведската нацистичка партија. Шведска во Втората светска војна била неурална, но нејзината нацистичка странка останала активна и после 1945 година. Кампард изјавил дека престанал да оди на состаноци во 1948 година и признал дека тоа бу била најголемата грешка во животот.

Во 2010 година му ја оставил компанијата на неговите три сина, а пред две години се вратил во Шведска.

„Растејќи, ги гледав работниците на фармите на кои не им беше дозволено да јадат во куќата, туку во шталата. Потоа научив една работа: ако сакам да успеам со своите мали идеи и да станам бизнисмен, никогаш не смеам да ги напуштам сиромашните“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура