X
 07.10.2022 Образование

Универзитет отпуштил професор бидејќи студентите се жалеле на тешките предавања

Веројатно повеќето луѓе се свесни дека органската хемија е тежок предмет за изучување. Но, очигледно сите не го очекуваат тоа. На Универзитетот во Њујорк, професорот по хемија Мејтланд Џоунс Џуниор бил отпуштен бидејќи студентите се жалеле на неговите тешки предавања.

Професорот бил отпуштен откако 82 од неговите 350 студенти потпишале петиција против него во која тврделе дека неговиот предмет за органска хемија е премногу тежок.

- Многу сме загрижени за нашите оценки и мислиме дека не ги прикажуваат времето и трудот вложени во предметот - стои во петицијата.

Студентите понатаму напишале дека предмет од кој се откажуваат толку многу студенти и толку многу студенти имаат лоши оценки нема приоритет да ги научи студентите и е лош одраз на целата факултетска насока и институцијата. Наспроти жалбите на студентите, поддржувачите на Џоунс не се согласувале со петицијата.

Други професори и поддржувачи на Џоунс сметаат дека одлуката на универзитетот да го отпушти професорот повеќе е бизнис-одлука бидејќи факултетите се профитни организации, а слабите оценки не ги прават среќни студентите и родителите кои го финансираат студирањето.

Џоунс предавал на „Принстон“ со децении и дури напишал учебник пред да се префрли на Универзитетот во Њујорк. Џоунс има 84 години и е познат по неговиот традиционален пристап на предавање.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование