Што доколку може да произведуваме вкусна храна богата со хранливи состојки во затворена просторија било каде во светот?
Келеб Харпер, директор на иницијативата „Отворена агрикултура“ во лабораторијата на Технолошкиот институт во Масачусетс, сака да го промени системот на производство на храна со поврзување на земјоделците со технолозите.
За тоа, тој ги претставува своите „компјутери за храна“, кои ни даваат поглед на иднината која би можела да нè очекува.