X
 24.10.2016 Наука

Како ќе изгледа светот за 30 години?

Роботиката, вештачката интелигенција и автомобилите кои сами се движат  веќе го менуваат светот, а во иднина се предвидува и управување на предмети со мисли и паметни машини.



Предвидувањето на иднината е навистина голем предизвик, но кога се зборува за напредокот на технологијата и очекувањата во иновациите, експертите од DARPA, агенцијата за напредни истражувања, најдобро можат да опишат како ќе изгледа светот за 30 години.

DARPA е агенција на Пентагон која е заслужна за голем број на иновации во роботиката, Интернетот, навигацијата. Беспилотните летала и автомобилите кои самите ќе се движат, ќе бидат секојдневна појава. Но, ова се работи кои и денеска ги гледаме. Од агенцијата замислуваат свет во кој ќе можеме со мислите да ги контролираме движењата.

Оттаму велат дека ќе можеме да градиме куќи и згради кои се неверојатно цврсти, а во исто време и екстремно лесни.  Ќе дојде време кога ќе можеме да разговараме со машините или да притиснеме само едно копче и мехнизмот да ја заврши целата работа, а во авионите можеби и ќе нема потреба од пилот.

Повеќе детали погледнете во следното видео :

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука