X
 13.04.2016 Култура

Работната етика на Алберт Ајнштајн

Ралф Морс бил фотограф за списанието LIFE во периодот кога починал Алберт Ајнштајн. Кога Морс слушнал за смртта на научникот, тој веднаш се упатил кон неговиот дом. Кога влегол во канцеларијата на Ајнштајн, тој направил фотографија од работната маса на која работел часови претходно.


Никој не знаел, но телото на Ајнштајн било кремирано пред некој да направи фотографија од него. Така, фотографијата на Морс од работната маса на Ајнштајн наскоро станала последната фотографија од кариерата на научникот.


Ајнштајн починал од внатрешно крварење предизвикано од здравствена состојба која ја имал со години. Во 1948 година, седум години пред неговата смрт, тој имал операција, но и по неа имал болки во абдоменот кои траеле по 2-3 дена и биле проследени со повраќање.

Ајнштајн продолжил да работи и покрај болката. Тој објавувал научни трудови и во 1950-те години. Дури и на денот на својата смрт во 1955, тој работел на говор кој бил закажан за израелска телевизија и со него во болницата го имал говорот.


Најпознатиот придонес кон науката на Ајнштајн, генералната теорија за релативност, била објавена во 1915. Тој добил Нобелова награда во 1921. Сепак, тој продолжил да работи и придонесува во областа уште 40 години.

Сѐ до моментот на својата смрт, тој продолжувал да дава сѐ од себе во работата. Часови пред неговата смрт, неговите доктори предложиле да се проба нова и недокажана операција како конечна опција за продолжување на неговиот живот.

Тој едноставно одговорил: „Направив сѐ што можев, време е да си одам. Ќе го сторам тоа елегантно.

Сите ние имаме шанса да направиме сѐ што можеме и да придонесеме.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура