Овој вид конференции првенствено се наменети за програмерите, но оваа конференција ја следеше целиот свет бидејќи најголемата социјална мрежа на светот на оваа конференција ги претставува насоките кои ќе ја одредат иднината на развојот на платформата. Марк Закерберг ја искористил оваа можност жестоко да го критикува американскиот кандидат за претседател, Доналд Трамп, кој сака да изгради ѕид меѓу САД и Мексико. Освен тоа, извршниот директор најави некои новости.
Ќе биде пуштен chatbot за „Messenger“
За многумина, најважната најава на овогодинешната конференција е дека апликацијата „Messenger“ и официјално ја означи новата ера на „ботови“ за започната. Користењето „ботови“ ќе овозможи повеќе нови функции на база на вештачка интелигенција во апликацијата.
Новите функции ќе им овозможат на корисниците комуникација со работни субјекти, а се предвидува и дека оваа апликација за многумина би можела да стане примарен начин на корисничка поддршка, систем за нарачување и резервирање итн. Сервисот во иднина ќе биде и монетизиран преку испраќање спонзорирани објави на корисниците.
60 милијарди пораки дневно
Апликацијата „Messenger“ била најбрзорастечка платформа во 2015 година, а втора најпопуларна на iOS. Прва е „Facebook“. Апликацијата за комуникација минатата година имала 700 милиони месечни корисници, а оваа година бројката се зголемила на 900 милиони. Растот на „Messenger“ го надминал и оној на другите апликации на компанијата, како „WhatsApp“ и „Instagram“.
Закербег изјавил дека активноста на „Messenger“ и „WhatsApp“ е трипати поголема отколку глобалната активност на СМС-пораките. Дневно, со овие две апликации се испраќаат околу 60 милијарди пораки, а во светот секој ден се испраќаат само 20 милијарди СМС-пораки.
Save for later ќе ја замени Save to Facebook
Пред околу 4 години, на социјалната мрежа беше претставена функцијата за чување објави кои може да се читаат или гледаат подоцна. Но, оваа функција ќе биде заменета со слична опција наречена Save to Facebook. Корисниците ќе може да додаваат копче во прелистувачот со кое ќе зачувуваат секакви страници.
Воведување Facebook accounts
Facebook accounts е проширување на логирањето. Апликацијата која овозможува логирање со бројот на телефонот на корисникот која ја чекавме е овде. Кога еднаш корисникот ќе испрати број на телефон, тој добива код со кој се логира во апликацијата, без лозинка која треба да ја помни и без користење електронска пошта.
Споделување цитати
Претставена е нова функција за споделување цитати од други апликации. Функцијата е претставена во соработка со „Amazon“, кој ја нуди оваа функција. Наместо копирање и лепење на текстот кој корисникот сака да го сподели, со новата функција ќе може да го означи посакуваниот текст и да го објави на социјалната мрежа во облик на објава која ќе го содржи и изворот.
Нови можности за пренос во живо
Закерберг најавил претставување на новост за опцијата за видео во живот со која на програмерите ќе им се овозможи вградување на опцијата во нивните апликации. На конференцијата била демонстрирана новата функција со помош на дрон, кој го снимал Закерберг во текот на презентацијата, а видео најавите можеле да се следат на социјалната мрежа директно.
360-степенска камера
Со цел драматично зголемување на 360-степенските видеа на платформата, компанијата соработува со „GitHub“ за да претстави нова камера „Surround 360“ која нема намера да ја продава. Наместо тоа, ќе бидат објавени хардверските и софтверските алгоритми, а ќе може да се купат деловите. Снимените материјали од камерата ќе може да се гледаат во уред за виртуелна реалност.
Виртуелна реалност
Закерберг има големи планови за виртуелната реалност. На конференцијата изјавил дека компанијата развива нови производи кои искуството на социјалните мрежи ќе го подигнат на ново ниво.
- Виртуелната реалност има потенцијал да стане најсоцијална платформа бидејќи овозможува чувство дека се наоѓате на друго место со некоја друга личност - изјавил Закерберг.
Видео за профил
Уште една новост е поедноставување и додавање нови можности за замена на профилна фотографија со профилно видео. Оваа опција е овозможена уште минатата година. Сега е претставена и нова алатка која со апликации како „Vine“ или „Boomerang“ ќе нудат можност поставување видео на профил.
Претставена е камера за пренос во живо
На конференцијата била најавена и првата самостојна камера „Mevo“ која може да се интегрира со „Live“. Станува збор за мала цилиндрична камера која може да снима во 4К-резолуција и ја собира во џеб, а чини 399 долари.