X
 30.05.2015 Технологија

Најважните работи кои доаѓаат од "Google" годинава

На својата годишна конференција за програмери, „Google“ оваа година најголем фокус даде на проектот за оптимизација на „Андроид“. Најавени се бројни надградби кои би требале да ја подобрат работата на оперативниот систем, од забрзување на работата на апликациите и сурфањето на интернет, до надградба за „Android wear“ и нови фото-апликации кои бесплатно ќе ги организираат фотографиите и ќе прават онлајн-бекап. Освен тоа...


Помалку дозволи за апликациите

Досега, „Андроид“ бараше од своите нови корисници при инсталацијата да откријат голем број детали, како локацијата, но тоа ќе се промени со новиот „Android M“. Ќе се намалат дозволите и повеќе нема да морате да давате овластувања при инсталацијата, туку онака како што налага самиот програмер.

„Chrome“ во своите апликации

Наместо досегашното отворање на „Chrome“ секогаш кога ќе кликнете на линк во одредена апликација, најавени се табови, односно варијанта на прелистувачот кој ќе се наоѓа во апликацијата и ќе овозможи побрзо вчитување на страницата.

Подолго траење на батеријата

Воведена е нова опција „Doze“ со која уредите ќе се ставаат во хибернација доколку не се активни подолго време за да се штеди батеријата. Додека е во хибернација, уредот ќе прима важни пораки и ќе има функционален аларм.


Нова апликација „Google photos“ и бесплатен онлајн-простор

Компанијата о претстави новиот сервис „Google photos“, достапен на интернет, но и на сите мобилни уреди. Тој ќе нуди неограничен простор за чување слики и видеа, а неговото користење ќе биде бесплатно.

Офлајн-мапи и „Chrome“ за земјите во развој

Страницата со резултатите од пребарувањата на подрачјата со слаб сигнал ќе се вчитуваат побрзо и ќе бидат оптимизирани страници за прикажување помалку слики, а ќе биде овозможено и преземање цели страници за прегледување офлајн, меѓу кои и мапите.


Надградби за „Android wear“

Додадени се нови апликации за „Android wear“ како полесно повикување возила „Uber“, а мапите ќе се прикажуваат цело време и ќе трошат батерија помалку. Управување со паметен дом „Brillo“ е оперативен систем основан на „Android“, но е намален за да може да биде вграден во домаќински уреди, а „Weave“ е систем со кој ќе се овозможи комуникација помеѓу уредите.

Се ближи „Android pay“

Беа објавени повеќе информации за конкуренцијата на „Apple pay“, која на корисниците ќе им овозможи купување во апликациите или физичко пазарење со помош на НФЦ-сензори.

„HBO now“ доаѓа на „Android“

Најавено е доаѓање на услугата за гледање серии на телевизијата на телефоните. Датумот на излегување не е најавен.

Платформа за систем од 16 камери

За да го олесни снимањето на видео, „Google“ објави соработка со „Go Pro“ за правење платформа за 16 камери. Платформата излегува на пазарот летово.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија