X
 01.04.2022 Образование

УКЛО учествува во работата на фокусна група на Европската асоцијација на универзитети

Проректорот за наука на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Игор Неделковски, на покана од Европската асоцијација на универзитети (ЕУА) од Брисел, учествува во работата на фокусната група за иновативно лидерство и управување со промени во високото образование, на Универзитетот „Рамон Лул“ во Барселона, Шпанија.

Работата на фокусната група се одвива од 31 март до 1 април 2022 година со учество на високи претставници од 20 универзитети членки на ЕУА претставувани од ректори, проректори и директори.

Се очекува како резултат на работата на фокусната група да се дoбијат насоки за успешно и иновативно справување и раководење со промените во високото образование што претстојат во Европа, поттикнати од новите трендови, како што се дигитализацијата, отворената наука, образовните ресурси и сл.

1

Поканата за учество на УКЛО во работата на оваа фокусна група на ЕУА е уште еден доказ за високото  реноме што УКЛО го има во рамките на ЕУА. Во 2021 г. ЕУА изврши последователна евалуација на УКЛО и покрај позитивните мислења понуди и препораки за подобрување на квалитетот на работење.

Европската асоцијација на универзитети (ЕУА) претставува повеќе од 850 универзитети и интеруниверзитетски конференции од 48 европски земји. ЕУА игра клучна улога во Болоњскиот процес и има влијание врз политиките на ЕУ за високото образование, истражувањата и иновациите.

2

Од Република Северна Македонија полноправни членки на ЕУА се Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Во својство на придружни членки се државните универзитети во Штип и во Тетово, како и Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово и Меѓународниот балкански универзитет – Скопје.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование