Во Македонија во раните утрински часови услови за слаби врнежи од дожд во крајните северни, североисточни и северозападни предели. Веќе во раните претпладневни часови ќе започне процесот на намалување на облачноста и во текот на денот ќе преовладува претежно сончево, ветровито и посвежо време. Ќе дува засилен североисточен и северозападен ветер кој должповардарието како и во југоисточна Македонија ќе достигне брзина и до 60 км/ч. Утринските температури од 5 до 13 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 14 односно до 22 степени.
Во Скопје во утринските часови претежно облачно. Претпладне разведување и во текот на денот ќе биде претежно сончево, посвежо и доста ветровито. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 11 степени, а максималната дневна до 19 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во четврток посвежо утро со утрински температури од 0 до 7 степени. Во текот на денот сончево и потопло со дневни температури од 16 до 24 степени. Во петок и сабота ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и потопло со пораст на температурите а максималните ќе се движат во интервал од 19 до 26 степени.
Во недела умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и пад на дневните температури. Врнежите ќе започнат во попладневните часови а поинтензивни до 20 литри се очекуваат во источните и југоисточните предели.
Weather4all.com.mk