Во нивното последно истражување, американската влада открила дека скоро половина од корисниците на интернет на територијата на Америка ги ограничуваат нивните онлајн активности поради загриженоса за нивната сајбер сигурност.
Во истражувањето спроведено во јули 2015 година учествувале 41.000 домаќинство. Во истражувањето 45% од луѓето ги изразија нивните загрижувања во врска со сајбер сигурноста. Токму поради тоа тие избегнуваат одредени онлајн активности кои ги практикувале во 2014 година, како што се купување, објавување на пораки на социјалните медиуми и управување со финансиите. Истражувањето исто така открило дека оваа недоверба на граѓаните може негативно да влијае врз економијата на Америка.
Граѓаните најмногу се загрижени за кражба на идентитетот (65%), измама во врска со банкарските сметки (45%), додека следните три најголеми проблеми се собирање на податоци, губење контрола врз личните податоци како и следење од страна на владата.