X
 11.06.2019 Образование

Зошто училиштата почесто не применуваат настава на отворено?

Истражувањата покажуваат дека поздравите и посреќните деца се подобри на училиште и дека образованието е важна детерминанта на идното здравје. Но, образованието не се само лекциите научени во четирите ѕидa на училиштата. Надворешната средина ги поттикнува вештините како што се решавање на проблеми кои се важни за развојот на децата.

Но, можностите за децата да учат во природна средина се намалуваат. Децата трошат помалку време надвор поради загриженоста за нивната безбедност, сообраќајот, криминалот. Модерните средини имаат помалку отворени зелени површини, додека технологијата го зголеми детското седентарно време. Поради овие причини и повеќе, многумина сметаат дека училиштата веројатно имаат најголем потенцијал и одговорност да им овозможат на децата пристап до природните средини.

1
Фото: Reuters


Иако не постојат официјални статистички податоци за тоа колку се користи учењето во природна средина, истражувачите забележале дека оваа пракса се зголемува. Сепак, и покрај поддршката, учењето на отворено сè уште е недоволно искористено во основните училишта, кај децата помеѓу 7 до 11 години. Доколку децата имаат доста придобивки од учењето на отворено, тогаш зошто оваа пракса не се случува почесто?

Кога биле надвор, учениците имале поголемо чувство на слобода, наместо ограничувачките ѕидови на училницата. Тие почувствувале поголема способност за изразување и уживале во тоа што можеле повеќе да се движат. Исто така, тие рекле дека се чувствувале поангажирано и имале попозитивна врска со учењето. Покрај тоа, голем дел рекле дека меморијата и нивната благосостојба биле на повисоко ниво.

- Кога ќе излеземе надвор, во шумата, ние не сме свесни дека имаме час, часот ни поминува во забава - вели еден ученик.

Учењето надвор од училиштето има придобивки и за самите наставници. Наставниците велат дека подобро се чувствуваат, имаат поголемо задоволство за работа. Ова е особено важно бидејќи благосостојбата на наставниците е суштински фактор во создавањето стабилна средина за учење.

Сепак, наставниците не ја користат оваа практика бидејќи е тешко да ги измерат и оценат резултатите од учењето. Тешко е да се демонстрира учењето од предавањето во природа користејќи ги тековните методи на оценување.

- Сега постои притисок да се има докази за секоја сесија, така што тешко е да се документира учењето на отворено - вели еден наставник.

Секако, постојат и други прашања поврзани со оваа практика. Каква облека би носеле учениците, низ каква обука би требало да поминат наставниците и каква опрема би била потребна.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование