Науката конечно има одговор на едно од „најтешките“ прашања со кои се соочува човекот: Каде исчезнуваат чорапите?
Според истражувањата, еден просечен човек за еден живот губи повеќе од 1.200 чорапи. Инспирирани од тоа, психологот Сајмон Мур и статистичарот Џеф Елис одлучиле да откријат каде исчезнуваат сите тие чорапи.
Тие го заклучиле следното: (L(p x f) + C(t x s)) – (P x A).
Значи, веројатноста за губење чорапи зависи од количеството облека која се пере во машината, сложеноста на програмата на перење, од што се одзема нивото на внимание кое се посветува на задачата, помножено со ставот на личноста кон перењето алишта.
„Со едноставни зборови, разновидноста на облеката и вашето обрнување внимание на ситниците во текот на перењето се најважни фактори кои придонесуваат кон губењето чорапи“, велат научниците.
Но, каде исчезнуваат сите тие чорапи? Според истражувањето, најчесто паѓаат позади радијатор или под мебелот, а ние тоа не го забележуваме. Исто така, изгубените чорапи завршуваат и меѓу облеката со друга боја и така се раздвојуваат од другата чорапа од парот.