Научниците истражувале медицински податоци од повеќе од 4.000 луѓе во 11 области во Шпанија, како и количината на вештачка светлина на која се изложени во затворен простор, и на отворено.
Резултатите покажале дека кај жените, кои во градовите биле изложени на голема количина сина светлина, ризикот од рак на дојката бил зголемен еден и пол пат, додека кај мажите постоеле 2,8 отсто пати поголема шанса за развој на рак на простатата. Тие спиеле во многу осветлени простори, за разлика од мажите кои спиеле во мрак и кај кои шансите за појава на рак биле помали.
Студијата била насочена на сината светлина што ја емитираат само надворешни извори, иако лекарите предупредуваат дека механизмот на емитирање сина светлина на мобилните телефони е ист. Сепак, сè уште нема причина за грижа кога станува збор за електричните уреди, односно додека не се спроведе нова студија на таа тема, изјавил за
Си-ен-ен водечкиот научник во истражувањето, Алехандро Санчез де Мигел.
Инаку, сината светлина ја намалува количината на мелатонин во мозокот и го попречува биолошкиот ритам.