X
 27.04.2016 Образование

Професии кои ќе бидат уништени од дигитализацијата

Аналитичарот на „Forbes“, Бернард Мар наведува области во кои професиите ќе бидат загрозени и уништени со компјутеризацијата и автоматизацијата. Во развиениот свет, се очекува за 20 години нагло да исчезнат 35% од сите професии.

 

професии


Здравство

Неодамна се појавија првите ординации водени од компјутери. „Johnson & Johnson“ комапнијата веќе лансира апарат кој автоматски го следи нивото на анестезија во текот на операцијата, а веќе подолго време присутни се и роботите кои на луѓето им помагаат при најкомплицираните операции.

Осигурување


Најголем дел од она што го работат брокерите и агентите за осигурување е пресметување на ризикот и обемот на податоците според повеќе или помалку сложени формули. Во тоа компјутерите и тоа како се поуспешни.

Архитектура

Веќе подолго време постојат компјутерски програми кои клиентите можат да ги искористат за да опишат каква куќа сакаат и каков мебел сакаат. Мар смета дека не е далеку развојот на софтвер кој ќе црта комплексни проекти.

Новинарство

Мар смета дека компјутерите наскоро ќе станат важен дел од новинарството, прво во новинарството кое ги покрива финансиите и во спортското новинарство, па така автоматските програми слободно ќе собираат информации од интернет и потоа јазично ќе ги обликуваат, такашто никој нема да може да ги тужи за кршење на авторски права.

Финансии

Мар верува дека наскоро комплексните логаритми ќе ги отстранат банкарите, па и оние кои одлучуваат за кредити. Владите веќе започнуваат да користат компјутери и развиени софтвери за пронаоѓање на затајување на даноци.

Образование

Мар забележува дека е се` почеста и поуспешна примената на дигитални алатки во образованието, кои се покажуваат поуспешни од луѓето. Токму од таму се извлекува заклучокот дека овој тренд ќе продолжи со што се очекува исчезнување на наставниците.

Човечки ресурси

Мар смета дека денес процедурата околу собирање податоци и класификација на кандидатите за вработување може да се спроведе без човечки фактор

Маркетинг и рекламирање

Станува збор за професија која бара креативност и способност еден човек да манипулира со другите. Компаниите исто така започнаа да експериментираат со автоматизираното рекламно купување: наместо да се избира во кој магазин ќе биде поставена рекламата и на која страна, компјутерот ќе се погрижи за тоа.

Право и правно советување


Мар истакнува пример за статистички бази според кои се предвидува резултатот од одредени правни постапки. Тој вели дека е можно лесно да се управува со податоци кои се користат во случаи и судења ако се дигитализираат.

Полиција

Подоброто предвидување на ризични ситуации може да доведе и до помала потреба за полицајци.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование