X
 03.02.2021 Живот

Ова се професиите што ќе го променат пазарот на трудот до 2025 година

Со оглед на природата, темпото и обемот на промените, клучното прашање повеќе не е какви ќе бидат работните места на иднината. Клучното прашање е што мора да сториме за да се подготвиме за иднината?

Оставете ги сите листи за најбрзо растечките работни места; тие се засноваат на опипливи податоци втемелени во сегашните парадигми, мерејќи ги само проекциите на работите што веќе ги знаеме. Проблемот не е во податоците, впрочем, тие се составени од Бирото за статистика на трудот (BLS), најдобрите професионалци за податоци во светот. Проблемот е што тоа се нови податоци за стари работи.

На пример, интересно е да се знае дека бројот на лекари ќе порасне за 4 отсто оваа деценија, додека бројот на медицинскиот персонал ќе се зголеми за 31 отсто. Но, што доаѓа, а ние не знаеме за тоа? Лекар-инженер кој лекува квадриплегичари со хибрид на невронаука и роботски егзоскелети? Зошто да не?

Ако сакаме да знаеме што ќе ни донесе 2025, тогаш потребна е имагинација за да гледаме пошироко. Како што еднаш рекол Алберт Ајнштајн: „Имагинацијата е поважна од знаењето.“ Имајќи го предвид тоа, ова е листата со 20 важни професии направена од BLS што наскоро ќе биде дел од работната слика за 96 отсто од нас што моментално работат и кои и понатаму ќе работат во 2025 година.

Одржливост: Спасувањето на планетата Земја ќе создаде милиони работни места.

Ѓубрето како енергија: Покрај сончевата енергија и енергијата од ветрот, и ѓубрето може да произведува енергија со нула емисии на штетни гасови.

Складирање на енергијата: Постои причина што „Тесла“ има огромен удел на пазарот. Не станува збор за автомобилите, туку за батериите.

Одржлива конструкција: Органски бетон кој се санира, драматично ќе ги зголеми нашите долгорочни иницијативи за инфраструктура.

Генско советување: Радикалните нови вакцини го означуваат почетокот на она што претстои.

Чипови на органи: Ќе тестираме лекови без употреба на животни или луѓе, туку со чипови што ќе го симулираат целиот процес.

Нанотехнологија: Еве еден пример: нанороботи ќе патролираат низ вашиот крвоток за да откријат работи што не треба да ги има, пренесувајќи ги информациите онаму каде што се важни.

profesii
Фото: Freepik

Роботика: Роботите можат да ни асистираат во апсолутно сѐ, а постојат толку многу опасни или невозможни работи што ние луѓето не би можеле да ги направиме. Тука роботите би можеле да ни помогнат. Дизајнирањето, програмирањето, градењето и институционализирањето на сите тие роботи ќе создаде милиони работни места.

Паметни домови: Повеќе од Нест или Алекса.

Урбанистичко планирање: Урбаните центри стареат. Ќе бидат потреби илјадници дипломирани студенти за урбанистичко планирање.

Вертикално земјоделство: Вистински феномен! Земјоделството станува урбана професија што користи, на пример, 20 до 30 вертикални нивоа на хидропоника и аеропоника за да го зголеми приносот по хектар - и тоа локално.

Вештачка интелигенција: Преценуваме што може да направи вештачката интелигенција во наредните три години, но потценуваме што ќе направи во наредните десет години.

Квантни компјутери: Ако мислите дека револуцијата на компјутерот беше нешто, ова ќе биде многу повеќе.

Развој на алгоритми: Алгоритмите се враќаат во Вавилон, Египет и Грција и ќе ја надминат секоја професија, индустрија и функција на работа.

Графен: Двајца физичари ја освоија Нобеловата награда за графенот пред една деценија, но бизнисот само што почна да го монетизира. Ова ќе биде огромно во секој аспект од животот на оваа планета.

Океанска писменост: Знаеме повеќе за вселената отколку за нашите океани. Таму долу има цело богатство, а не станува збор за пиратско богатство.

Вселена: Постојат уште многу работи што треба да ги научиме од вселената. Дали животот на Земјата евентуално почнал на Марс?

Погон: Патувањата во вселената сè уште се со истата брзина со која патувала првата вселенска капсула пред 60 години.

Игри и UX: Ова не е само забава, туку ќе нè научи како да го гледаме светот околу нас.

Над облаците: Што има над облаците? Нешто поинтригантно, сигурно.

Извор: Forbes.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот