Научниците во Австралија успеале да создадат банана која е богата со провитамин А, кој може да спаси илјадници животи на децата во светот што имаат недостиг на витаминот.
Бананата биле развиена преку земање гени од специфична банана пронајдена во Папуа Нова Гвинеја што има високо ниво на провитамин А. Експертите ги комбинирале овие гени со традиционална банана што е достапна насекаде.
Но, што е тоа провитамин? Се работи за супстанција која има малку или воопшто нема витаминска активност, но може да биде трансформирана со цел да носи регуларен витамин во себе. Витаминот А има низа витални функции што помагаат во растот, развојот, имунолошкиот систем и подобрувањето на видот.
Ваквата банана била развивана 10 години во Австралија. Сега научниците планираат бананите да ги наменат за сиромашните предели во Африка каде што се најпотребни. Примероци од бананите се однесени и во Уганда, каде што повторно ќе се извршат тестирања.
Недостигот на витаминот А е состојба од која годишно умираат 750 илјади деца. Многумина и го губат видот поради недостигот. Најлоша е состојбата во Уганда. Научниците се надеваат дека најдоцна до 2021 година овие
банани ќе станат дел од секојдневието, особено во Уганда.