X
 28.04.2016 Живот

Комплекс Ветрило - Живеење низ свежина, Дома за своја душа

Од пред некој месец започна изграбата на новиот комплекс Ветрило, кој е оддалечен од центарот на Скопје за само 6,5 километри, а се наоѓа во близина на општината во с. Сопиште. Овој комплекс нуди живеалиште во чиста, здрава животна средина со величествен поглед на југозападните падини на планините Китка, Караџица и Јакупица со врвот Солунска глава.

 
Станува збор за внимателно осмислен нов концепт на куќи кои ги задоволуваат сите потреби на едно семејство. И самото име Ветрило кажува дека ова е место каде ветрот не дозволува да се задржува смог и штетни честици во воздухот. Проблем кој денеска навистина сериозно ги окупира жителите на главниот град. Со купување куќа во комплексот Ветрило трајно се решава проблемот со недостигот на чист воздух. Децата можат да растат во поинакви услови, да трчкаат во дворче наместо да седат во стан покрај компјутер. Куќите кои се на два ката, навистина пленат со својата убавина. Модерно дизајнирани со плански осмислен простор, за секој член во семејството. За љубителите на водени лудории архитектите осмислија и простор за базен. Ветрило е новата надеж на Скопјани кои се желни за тишина и почист воздух.


Покрај модерниот надворешен изглед, со кој овој комплекс потсетува на луксузен медитерански објект, го карактеризира статика која е сеизмички проверена и одобрена од институтот за сеизмологија во Скопје, како и перфектна звучна и термичка изолација што го става во категорија на високо енергетско ефикасни објекти. Тоа за новите семејства кои ќе се вселат ќе значи заштеда на значителна сума од буџетот за греење и ладење во нивниот нов дом.

vetrilo

 
За сите оние кои следниве три месеци ќе се решат да инвестираат во овој комплекс, е обезбеден попуст од 5-10%, што го прави овој објект вистинска животна инвестиција.
Комплекс се состои од 18 типски објекти поделени на три типа А, Б, В. Квадратурата на објектите е од 103 до 118 м2, распределени на два ката, приземје и кат. Во приземјето се сместени кујна со трпезарија и дневна соба со отворен план и гостинско купатило, додека на катот се сместени спалните соби со две бањи и тераси. Секоја станбена единица е со висока класа на енергетска ефикасност, приклучена на заеднички централен систем за греење и ладење, кој овозможува и постојана топла санитарна вода.

Квадратурата на парцелите каде што се сместени објектите се движат од 150-240 м2, што е доволно да можат да се паркираат две возила и да се сместат содржини за рекреација.
Самиот комплекс е поделен со две внатрешни ново проектирани улици кои пак овозможуваат дополнителна приватност. Комплексот е свртен спрема исток, југ и југо запад, локацијата е во благ пад што овозможува објектите да бидат каскадно наредени, и да не си пречат еден на друг, да има многу светлина и да се овозможи и поубав поглед. Инвеститор е компанијата Интерсофт, градежна компанија која над 15 години гради современи простори на домување. http://www.intersoft.com.mk/

info@intersoft.com.mk, intersoft.doo@gmail.com

Телефон: +389 2 3227941, +2 3090204, 075 254 956

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот