„Ватербут“, што на холандски значи водна населба, е најсовремениот станбен комплекс во Амстердам. Тој се состои од речиси 100 куќи што пловат на езерото Ајмер. Овие домови не се бродови, туку вистински куќи што пловат.
Куќите се прицврстени на челични столбови и се движат само вертикално кога се менува
приливот. Домовите биле дизајнирани од холандскиот архитект Марлис Ромер и биле изградени во бродоградилиште во близина, а потоа пренесени до нивната трајна локација преку канали. Населбата сè уште се гради, но некои куќи веќе се населени.
Две третини од населението на Холандија живее под нивото на морето, а со сè побрзото топење на мразот на планетата, сè поголема станува грижата дека нивото на морето ќе расте и во иднина. Сепак, многумина во Холандија веруваат дека животот на вода е побезбеден отколку животот на земја. Освен тоа, овој начин на живот може да биде и финансиски поисплатлив.
Извор:
odditycentral.com
Насловна фотографија: Screenshot/Youtube