X
 28.04.2016 Култура

Рецензија на книгата "Шепнувачот" - Донато Каризи

шепнувачот

 

Во град некаде во Западна Европа, злосторствата започнуваат да стануваат норма. Пронајдени се пест раце кои припаѓаат на пет исчезнати девојки, закопани на место кадешто некој очигледно ќе ги пронајде. Додека полицијата брза да стигне на местото на настанот, пронајдена е и шеста рака.


Благодарение на форензичарите, откриено е дека ова девојче е сосема поразлично од останатите: таа можеби се`уште е жива. Главните ликови Мила Васкез и Горан Гавила се во неверојатна трка со времето, следејќи нејасни индиции изнесени од серискиот убиец кој се чини дека е и тоа како видовит, и секогаш на чекор пред нив, исмејувајќи им се. Благодарение не сложениот заплет на Кариси, криминалецот е еден чекор понапред и од искусниот читател, овозможувајќи му неколку огромни изненадувања со завршувањето на романот.  

Необичниот модел на Кариси ја прави книгата посуштинска од една типична приказна за сериски убиец, а ова го докажува и нејзиниот успех и пофалбите помеѓу читателите и критичарите. Кога станува збор за бестселери, може да се каже дека тие често пати знаат да разочараат поради нивната преценост и преголема комерцијализираност, меѓутоа во овој случај романот нуди вистинско уживање. Добрите крими романи за сериски убијци треба да ве остават во шок и фасцинација, а оваа книга ве држи во неизвеснот во комбинација со изненадување и страв. Убиствата на убиецот се вистинско гротескно уметничко дело, а степенот на неговото планирање е неверојатно.

Интересно е тоа што Кариси студирал право и криминологија такашто романот нуди детали за истражните теории и техниките на форензичарите - нешто што е и тоа како интересно. Главните ликови Мила и Горан, се доста интересни, и иако писателот не успеал да ги прикаже совршено, сепак тие придонесуваат за зголемување на тензијата и мистериозноста на приказната.  

Може да се каже дека книгата стои како потсетник дека злото е универзално, никогаш не простува и е насекаде!
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура