X
 30.04.2016 Култура

Необични традиции кои го одбележуваат раѓањето на бебето

Обичаите кои се поврзуваат со доаѓањето на бебе на свет не се секаде исти, односно се разликуваат низ целиот свет. Ви донесуваме необични традиции застапени меѓу различните народи.

 

бебе


Нигерија

Во Нигерија бабите играат голема улога во животот на роденото бебе. Првото капење на новороденчето го прави токму бабата или и двете баби.

Тринидад и Тобаго

Овде обичај е оние кои први ќе дојдат да го видат бебето да стават пари во неговата рака. Исто така, многу родители не дозволуваат семејството и пријателите да дојдат во посета на бебето после шест часот после пладне, бидејќи бебето може да се разболи од „вечерната роса“.

Кина

Кинезите сметаат дека првиот месец после раѓањето на бебето е најкритичен и за мајката и за детето. Од таа причина, мајките првите 30 дена после пораѓањето ги поминуваат во кревет. Во текот на „zuo yue“ (одмарање), жените од семејствата (обична мајката или свекрвата) ѝ помагаат на младата мајка.

„После пораѓањето поминав еден месец во кревет. Во текот на овој период мојата свекрва ме советуваше што треба да правам. Не ме оставаше да се туширам, да ги мијам забите и косата, а не смеев да јадам и пијам одредени работи. Ладниот пијалок и неговената храна беа забранети, особено ладната вода и овошјето. Таа ме советуваше да јадам рибја чорба и свињска пача за да имам подобра лактација. Ми рече дека очите ми изгледаат доста уморно, па не смеев да гледам телевизија и да читам книги“, расажува 32 годишната Жанг од провинцијата Хенан.

Бебето и мајката во првите денови можат да ги посетат само најблиските роднини, додека другите можат да ги посетат после еден месец.

Мексико

Во Латинска Америка постојат бројни традиции за новороденчињата. Кога ќе се роди бебето, постарите членови на семејството, на мајката ѝ даваат поддршка и совети. Овој обичај се нарекува „Карантена“ и подразбира новите мајки да не работат ништо 40 дена после пораѓањето. Имено, жените од семејството доаѓаат кај неа дома и се грижат за домаќинството со што мајката има време да си ја врати силата и да се посвети на бебето.

Ирска

Брачните парови во Ирска го чуваат првиот спрат од тортата се` додека не добијат дете. Тогаш трошките од тортата ги ставаат на неговата глава како симбол за долг и среќен живот.

Бали

На индонезискиот остров, роднините чекаат бебето да наполни три месеци за да организираат прослава. Традицијата вели дека бебето е целосно подготвено и доволно развиено на три месеци, па затоа дотогаш неговите стапала не треба да ја допираат земјата. Се смета дека бебето во првите денови од животот се`уште е поврзано со својот свет дух. Кога ќе биде старо 105 дена ќе може да ја допре земјата и да се запознае со мајката природа.

Индијанските племиња

Индијанските племиња имаат обичаи кои се разликуваат од племе во племе. Хопи народот, шошонско племе во североисточна Аризона, своето бебе не го изложуваат на сончева светлина првите 19 дена. После тоа, на церемонијата за името која се организира во раните утрински часови, бебето се бања во вода и пченкарно брашно. Доаѓаат тетките, носат дарови и предлагаат имиња за бебето. Бабата избира едно од имињата и го запознава бебето со сонцето кое веќе изгреало. После тоа се организира голема прослава.

Индија

Во некои делови на Индија, традицијата вели дека на бебето не му се купува нова облека, туку таа треба да биде наследена од останатите членови на семејството. На тој начин бебето ја добива позитивната енергија од своето семејство и ги усвојува нивните вредности.

Северна Кореја

Мајките во Северна Кореја три недели после пораѓањето јадат супа од алги, која помага во прочистувањето на крвта после пораѓањето.

Ова е еден од најздравите и најхранливите оброци богат со витамини. Супата им помага на мајките да имаат млеко и брзо да се опорават после породувањето. Децата јадат супа за секој роденден како потсетник на денот кога дошле на овој свет.

Нов Зеланд

Во маорската култура, бременоста се смета за навистина посебно искуство. Се верува дека мајката и бебето мораат да мируваат и да се одмараат во текот на целата бременост, бидејќи бебето уште во стомакот е свесно за својата околина и стресот.

Интересно е тоа што плацентата, која го храни бебето додека е во стомакот, се нарекува „whenua“, што  истовремено е и име за земја. После раѓањето таа се пали, со што симболично се зајакнува поврзаноста на луѓето со мајката Земја. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура