X
 05.05.2016 Култура

Уникатниот начин на кој Албанија привлекува туристи

Турите за набљудување птици во делови од албанскиот јадрански брег стануваат нова туристичка атракција на оваа земја.


Последните неколку години се зголемил бројот на птици во Албанија поради забрана на ловот на птици. Така, туристичките агенции во земјата започнуваат да нудат тури со водичи фокусирани токму на набљудувањето на овие суштества.

Најатрактивната област во Албанија за оваа активност е националниот парк Дивјаке-Караваста која се наоѓа на околу 90 километри јужно од Тирана. Се работи за најголемата лагуна во Албанија во која живее и загрозениот далматински пеликан.

Според официјалните податоци, Караваста е дом на дури 245 видови птици, а на второ место по разновидност се наоѓа лагуната Нарта кај Валона.

Популарно место е и Скадарското езеро, кое е најголемо езеро на Балканот и едно од најважното место кадешто поминуваат птиците преселници во Европа.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура