X
 06.05.2016 Технологија

Илон Маск го подготвува најуникатниот астронаутски костум досега

Очигледно, астронаутите кои ќе патуваат со „Space X“ тоа ќе го прават со стил.


Во интервју за списанието „Блип“, Хосе Фернандез, дизајнер на костумите за суперхероите во „Batman vs Superman“, „Captain America: Civil war“ и други блокбастери, ги дизајнирал и костумите за астронаутите на компанијата на Илон Маск.

Се` уште не се знае како ќе изгледаат костумите, но се надеваме дека ќе наликуваат на оној на Ајронмен, со оглед на тоа што основачот на компанијата, Маск, честопати се споредува со Тони Старк.

Во интервјуто, Фернандез открива дека Маск сакал костумите да изгледаат херојски и кул. Сега, компанијата работи на инженерскиот дел од костумот за да го направи функционален за вселенско патување.

Компанијата ќе ги испрати првите астронаути во Меѓународната вселенска станица во 2017 или 2018 година, а подоцна таа дури може да не` носи и до Марс. Вселенскиот костум ќе биде откриен наредната година.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија