X
 01.11.2015 Технологија

Илон Маск гради сосема нов вид на транспорт

Плановите за возот „Хиперлуп“ стануваат сериозни. Прототипот на овој систем во природна големина ќе биде изграден во Калифорнија во рок од неколку недели.

 

1


Уште од 2013 година Илон Маск ги најави плановите за овој воз кој би пренесувал патници низ 650 километарска долга електромагнетна цевка со брзина од 1.200 километри на час, поврзувајќи ги Лос Анџелес и Сан Франциско. Времето на патувањето би траело околу 30 минути, а цената на билетите околу 20 долари.

„Овој транспорт е најблиску до телетранспортација“, вели менаџерот кој работи на проектот.

Хиперлуп е еден од највозбудливите проекти во Америка од 1957 година, кога инженерите го направија Боинг 707 - авионот кој на патниците им овозможува да патуваат со брзина од 80% од брзината на звукот.

 

2


Предложената стаза за тестирање ќе биде долга 8 километри, а се наоѓа во долината Квеј и ќе бидат потребни 32 месеци за изградба. По завршувањето, ќе пренесува 10 милиони луѓе во текот на пробниот период, со брзина од 260 километри на час. Капсулитет ќе бидат празни кога ќе се тестира неговата максимална брзина од 1.200 километри на час.

Овој транспорт може да ја постигне оваа брзина ослободувајќи се од тркалата кои создаваат преголем отпор во традиционалниот железнички систем. Хиперлуп ќе биде самоодржлив систем кој ќе биде испорачан од обновливи извори, вклучувајќи сончева енергија, енергија од ветровите и кинетичка енергија.

„Возот ќе троши помалку енергија отколку што ќе произведува. Ќе бидеме во можност да продаваме електрична енергија. Овој модел ќе ни овозможи за 6 до 8 години да ја вратиме целата инвестиција“, додава менаџерот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија