Астронаутите на Меѓународната вселенска станица одгледуваат кристали кои би можеле да помогнат во идно развивање на нови лекови за употреба на Земјата. Ова се десетте здравствени технологии кои веќе дојдоа од вселената:
1. Роботите можат да отстранат тумор на мозокот
Развиен во Канада за време на ерата на вселенскиот брод, „Canadarm2“ е роботска рака која е прикачена надвор од Меѓународната вселенска станица. Се користи за многу задачи надвор од станицата и им помага на астронаутите да избегнат ризици при прошетките во вселената. Оваа технологија доведе до создавање на „neuroArm“, кој може да изврши прецизна операција во „МRI“ скенерите, како што е отстранувањето на тумор на мозокот.
2. „Eye trackers“ кои се користат во ласерската операција на очите
Во вселената, недостатокот на гравитација го менува начинот на кој се движат очите и го перцепираат движењето. Високот технолошките „eye trackers“ се создадени за да се набљудува каде астронаутите гледаат за време на нивната нормална работа во микро-гравитацијата. Движењето на очите е проблем со кој докторите се соочуват во корективната хирургија на очите. Овие следачи развиени за вселенското летање сега се користат во ласерските операции и обезбедуваат точно позиционирање на ласерскиот зрак.
3. Помагање на астматичарите да дишат
Азотниот оксид често може да се најде во загадувачите на воздухот и на Земјата и на Меѓународната вселенска станица. Кога една личност има воспалени дишни патишта, како што имаат астматичарите, зголемувањето на азотниот оксид се гледа во издишаниот воздух. Европската вселенска агенција разви уред кој прецизно го мери азотниот оксид во издишаниот воздух на астронаутите за да открие потенцијално воспаление. На овој начин, астронаутите можат да се лекуваат пред ситуацијата да стане посериозна. Оваа технологија сега се користи и кај астматичарите за откривање на износот на азотен оксид во издишаниот воздух предизвикан од воспаление на белите дробови.
4. Одржување на силата на вашите коски
Без гравитацијата која делува на телото, астронаутите доживуваат голема загуба на коскената густина што е слична со губењето на коските - проблем со кој често се соочуваат постарите луѓе кои страдаат од остеопороза. Се прават обиди за да се намали губењето на коскената маса преку секојдневна вежба. Исто така, се покажало дека со консумирањето на мала количина на биофосфонат, на неделно ниво, астронаутите го намалуваат губењето на коскената маса. Фармацевтските откритија како овие веќе им помагаат на постарите луѓе на Земјата.
5. Мерење на температурата на телото
Инфрацрвените технологии биле развиени пред многу децении во Лабораторијата за млазен погон на НАСА за да се измери температурата на планетите и ѕвездите. Во 1991 година, оваа технологија била претворена во термометар за во уво. Овие термометри овозможуваат читање на температурата во само неколку секунди, покажувајќи дека се точни во мерењето на температурата, што ги прави идеални за употреба во болниците, операциите, па дури и домовите.
6. Мерење на притисокот во внатрешноста на черепот
Додека се истражуваат промените во вид кај астронаутите, научниците открија дека тие настанале како резултат на зголемен притисок во внатрешноста на черепот, кој пак е резултат на зголемување на обемот на цереброспиналната течност. Истражувањата во Британија открија дека уред кој може да го мери притисокот во черепот користејќи поместување на ушното тапанче, што е неинвазивно и може да се направи било каде.
7. „Star Trek“ техники кои помагаат во исфрлањето на камењата во бубрезите
Престојот во вселената го зголемува ризикот за формирање на бубрежни камења. Кај астронаутите, камењата во бубрезите може да предизвикаат инфекции и компликации доволно силни за да се бара евакуација на екипажот. Истражување на НАСА разви ултразвучни техники кои можат да откријат, преместат и скршат камења, со што луѓето полесно ги исфрлаат од нивните организми.
8. Невидливи протези за заби
Проѕирна поликристална глина. Оваа високо цврста, максимално проѕирна техника била развиена за одбрана. Било предложено материјалот да се користи за изработка на проѕирни држачи за протези. Откако било испробано, стана еден од најуспешните ортодонтски производи во историјата.
9. Детектирање на повреди и рак со помош на медицински слики
Обработката на дигитални сигнали може да биде незгодна. НАСА стана пионер во високо-технолошката дигитална обработка на сигнали со цел да помогне да се зголемат сликите од Месечината и да се пронајдат најдобрите места за слетување на Месечината во ерата на Аполо. Овие техники на процесирање на сигналот се широко користени во „CT“ и „MRI“ скенерите за да им помогнат на лекарите да пронајдат повреди и рак без потреба пациентите да прават операција.
10. Поедноставена дијализа
Водата е тешка, па
астронаутите треба да ја намалат количината за да можат да стигнат до вселената. Тие го постигнуваат ова со рециклирање и прочистување на повеќето течности на Меѓународната вселенска станица (вклучувајќи ја и нивната урина). Додека ги развивале овие системи за филтрација, научниците ја примениле истата технологија за отстранување на токсичниот отпад од искористената дијализна течност. Ова доведе до нови машини за дијализа на кои повеќе не им била потребна вода и поврзување со одводот, што значи тие користат помалку енергија и се преносливи, со што е овозможена употребата дома.