X
 16.10.2021 Образование

УКЛО и УГД со европски универзитети ќе ги идентификуваат практиките за дигитализација и модернизација на високото образование

Еразмус плус Вебинар: УКЛО и УГД преку заеднички проект со европски универзитети ќе ги идентификуваат практиките за дигитализација и модернизација на високото образование.

На 15.10.2021 година проректорот на УКЛО и институционален Еразмус + координатор, проф. д-р Марјан Ѓуровски, зеде учество на вебинаторот „ЕРАЗМУС+ ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ- Приоритети, интензивни програми, новости, платформи и меѓународна кредитна мобилност  2021 – 2027“ што го организира Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

На конференцијата свое излагање покрај заменик-министерот за образование Арафат Шабани и директорот на Националната агенција, Марко Ѓоргиевски, меѓу другите имаше и проректорот професор Ѓуровски, кој истакна дека во претстојниот период за студентите и професорите ќе се реализираат посебни тематски обуки за користење на средствата и можностите од Еразмус + до 2027 година кои ги дава Европската Унија.

УКЛО и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип преку внатрешно вмрежување во земјата заеднички работат на проект „Модернизација во високообразовните институции во Западен Балкан со посебен акцент на дигитализација“. Проектот во чиј конзорциум покрај странски универзитети се УКЛО и УГД, треба да понуди платформа за соработка помеѓу седум универзитети на Западен Балкан, насочена кон дигитализација на високото образование. Самата платформа ќе ја вклучи Европската асоцијација на универзитети преку презентација на неколку најдобри практики на европско ниво. Универзитетите од Западен Балкан ќе имаат можност да идентификуваат добри практики што можат да ги спроведат во својата работа, информира проректорот Ѓуровски.

Меѓу другото, платформата ќе вклучува претставници на националните агенции и институционалните координатори Еразмус+ од универзитетите на Балканот. Проектот ќе вклучува четири претставници од секој универзитет, еден професор и тројца учесници (студенти и/или координатори Еразмус +).

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование