X
 12.05.2016 Култура

Една од најмоќните жени во историјата за која малкумина знаат

Гертруда Бел може да се замисли како женски Лоренс од Арабија или Индијана Џонс. Иако денес најголем број од луѓето не знаат која била таа, Бел останала добро запаметена во една земја - Ирак. Гертруда Бел се родила во 1868 година во семејство на богати индустријалци. Оваа позиција и` овозможила да се образова на највисоко ниво и живот каков што немале многу жени во тоа време.


Откако ги завршила студиите на Оксфорд и дипломирала меѓу најдобрите студенти во 1888 година, Гертруда сфатила дека не сака да го помине животот како домаќинка и „добра викторијанска дама“. Таа заминала во посета на нејзиниот вујко во Персија и оттогаш животот и` се сменил од корен.

Наредните години Гертруда патувала низ разни земји, учила странски јазици и се занимавала со археологија. Течно зборувала арапски, персиски, француски и германски, а зборувала и италијански, како и турски. Сепак, учењето јазици не било доволно за неа. Таа ги истражувала пустините во средна Азја и известувала кога започнала Првата светска војна.

Таа го обиколила светот двапати и се занимавала и со планинарење. Во теко на својот живот била почитувана од британските офицери и била влијателна. Никогаш не се омажила. Кога завршила војната, Бел станала подвижна сила на британската политика на Блискиот исток. Турското царство се распаднало и Велика Британија сакала да владее со просторот на Месопотамија.

Гертруда одиграла клучна улога на медијатор меѓу арапската влада и британските власти. Историчарите велат дека токму таа на картата на светот ги нацртала границите на денешниот Ирак. Различните етнички и интересни групи кои живееле во оваа земја биле обединети од нејзина страна во една влада која требала да балансира со британските интереси. Таа го поставила првиот крал и го набљудувала изборот на владата во државата.

Смртта на Гертруда Бел останала мистерија се` до денешниот ден. Таа била пронајдена мртва на 12 јули во 1926, предозирана со таблети за спиење.

Се отвориле многу дебати за нејзината смрт. Некои сметале дека се работи за самоубиство, а некои за случајно предозирање. Се споменува и исценирано убиство кое го извеле нејзините политички противници, но целиот случај никогаш не се разјаснил.

Таа била погребана во Багдад, а кога починала имала 57 години.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура