X
 12.05.2016 Живот

Запознајте ја Ајша Азиз - најмладиот пилот во Индија

Во јуни оваа година, три жени ќе влезат во историјата со што ќе станат првите борбени пилоти во Индија. Исто така, во Мумбаи, 20 годишната Ајша Азиз стана најмладиот пилот во Индија.

 

пилот


Водена од нејзиниот детски сон да стане пилот, Азиз започнала со обука за летање во Бомбај клубот за летање во 2011 година, кога имала 16 години. Истата година таа ја добила нејзината пилотска лиценца. Таа посетувала часови по летање во текот на викендите, додека на училиште одела во текот на неделата. „Сакам авантура, патување и запознавање нови луѓе. Сакав да направам нешто неконвенционално, а професијата пилот се чинеше особено неконвенционална.

Откако ја добила нејзината лиценца, Азиз започнала да оди кон целта да добие 200 часа лет кои се потребни за да се здобие со комерцијална лиценца за пилот, со која таа ќе може да работи во авиокомпанија. Сега управува со „Cessna 152“ и „172“ авионите, и има 120 часови лет.

Иако никој од нејзиното семејство не е пилот, таа вели дека успеала токму поради нејзините родители, особено нејзиниот татко кој постојано ја мотивирал и туркал до успехот. Азиз вели дека била фасцинирана со авионите и нивното слетување и полетување додека била мала. „Летањето функционира против гравитацијата“, вели таа.

Нејзините идоли се астронаутите Сунита Вилијамс. Дополнително беше охрабрена да го следи нејзиниот сон кога беше избрана да го посети седиштето на НАСА во 2012 година за да дознае што е потребно за да се биде астронаут.

„Вистински предизвик е да се биде пилот. Секогаш треба да бидете чекор понапред од авионот и за брзо време да донесувате одлуки. Потребно е постојано присуство на умот и мултитаскинг. Кога сте во пилотската кабина сите ваши грижи треба да ги оставите позади вас, а вашиот ум треба да биде фокусиран на она што го правите во тој момент“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот