Кога станува збор за инвестирањето, постои еден предуслов: богатство. Петте милијардери подолу се најбогатите, а со тоа и најуспешни инвеститори во светот.
Ворен Бафет
Неговото богатство изнесува 67,9 милијарди долари. Кога инвестира, тој се фокусира на квалитетот. Тој инвестира или купува бизниси со постојан компетитивен квалитет со разумна цена.
- Никогаш не се обидувам да заработам на пазарот на акции. Купувам со претпоставка дека би можеле да го затворат пазарот следниот ден и да не го отворат следните пет години - изјавил тој.
Жорже Пауло Леман
Неговото богатство изнесува 29,6 милијарди долари. Тој поседува 10% од акциите во најголемата компанија за пиво во светот и поседува акции во ресторани и други компании. Тој инвестира најчесто во консумерски брендови во храната и пијалоците.
- Мојот најголем успех во бизнисот беше откритието пред некои 40 години дека привлекувајќи одлични луѓе да работат со мене и давајќи им шанса за напредок ќе стигнам многу подалеку отколку сам - рекол тој.
Џорџ Сорос
Неговото богатство изнесува 24,4 милијарди долари. Тој е познат како глобален макро инвеститор, а е познат како човекот кој ја сруши банката на Англија за неговиот влог во 1992 година против британската фунта.
- Ако треба да ги сумирам моите практични вештини, би искористил еден збор: Преживување - кажал еднаш Сорос.
Карл Икан
Неговото богатство вреди 19,5 милиони долари, а најголем дел од богатството го заработил од акциите во „Икан ентерпрајзес“. Тој инвестира во брендови со вредност.
- Главното правило е да имаш доволно капитал на крајот од денот - изјавил тој.
Џејмс Симонс
Неговото богатство изнесува 15,5 милијарди долари. Неговото инвестирање е водено од податоци, е неговата
компанија лови необични шеми во цените.
- Имам еден вработен со докторат во финансии. Не вработуваме луѓе од факултети за бизнис. Не вработуваме луѓе од Вол Стрит. Вработуваме луѓе кои се добри во науката - кажал тој.