Во Македонија во вторник невообичаено студено утро за овој период од годината со утрински температури кои ќе се движат од 1 до 10 степени. Претпладне умерено облачно со сончеви периоди, а во источните и југоисточните предели претежно сончево. Попладне во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно со врнежи од дожд, а во вечерните часови и во Гевгелиско-Валандовскиот регион. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат до 10 односно до 23 степени.
Во Скопје во вторник претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и свежо со утринска температура од 7 степени. Попладне нестабилно со услови за слаби врнежи од дожд и дневна температура до 18 степени. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во среда и четврток стабилизација на временската состојба во Македонија. Претежно сончево и пораст на температурите. Во среда утринските од 1 до 10 а дневните од 14 до 26 степени, додека пак во четврток појава на локална облачност и минимални температури од 2 до 11 степени, а пак максималните ќе се движат од 16 до 27 степени. Во петок и сабота Македонија ќе биде под влијание на циклонска циркулација и продор на циклони од медитеранот кои ќе донесат нестабилно време со врнежи од дожд и пад на максималните температури кои во петок ќе се движат од 14 до 24 степени, а во сабота од 11 до 21 степен.
Weather4all.com.mk