X
 01.10.2017 Технологија

„Фејсбук“ нѐ следи и кога сме офлајн, еве што точно знаат


„Фејсбук“ под лупа
(Фото: Profimedia)


Не е тајна дека „џиновите“ во ИТ секторот, како „Фејсбук“, собираат огромна количина податоци за своите корисници. Она што е помалку познато е како „Фејсбук“ ги следи своите корисници дури и кога не се служат со овој сервис.

Каква корист имаат од тоа?

Во срцевината на приказната за следењето на корисниците и собирањето лични податоци, е нивната употреба во кроењето на рекламите. Огласувачите му плаќаат на „Фејсбук“ за да добијат податоци за корисниците, заради што попрецизно доближување до нивните интереси. Ако целта е што поточно доближување до групи потрошувачи, за нив вреди да се знае што повеќе заради оптимален ефект.

Што точно знаат за нас?

Знаат многу повеќе од тоа што можеме да си го замислиме. Дури знаат и работи кои никогаш отворено не сме ги навеле на „Фејсбук“. Оваа социјална мрежа следи кои реклами ви предизвикале интерес, вашата адреса, образованието, приходите, локацијата на живеалиштето и сето тоа се испреплетува со податоците од вашите пријатели на мрежата. Она што се добива е неверојатен ресурс, како создаден за целно огласување.

Да биде уште полошо, бришењето на корисничкиот профил нема да ги избрише собраните податоци.

„Фејсбук“ ги следи и оние кои немаат профил

Според истражувањата на Белгиската комисија за заштита на приватноста, „Фејсбук“ ги следи интернет одредниците на оние кои никогаш не отвориле профил на оваа социјална мрежа. Ова е возможно благодарение на т.н. интернет колачиња и додатоците на различни век одредници.

Како да се заштитите?


Тоа и не е во целост возможно. Bright side пишува дека најпаметно е воопшто онлајн да се оставаат ограничени лични податоци. На „Фејсбук“ е пожелно да се оставаат што е можно помалку лични информации, да не се поставуваат фотографии од деца, а откако ќе завршите со сурфање на оваа мрежа, добро би било да се „одлогирате“ или да користите различни пребарувачи за пребарување други содржини.  

Користете и алатки за блокирање на рекламите на таа мрежа, и да избегнувате користење на Месинџерот на мобилните уреди. Кога сме кај мобилните уред:

На платформата iOS пожелно е да отворите Settings -> Confidentiality -> Advertising и да ја вклучите опцијата Limit Ad Tracking.

На Android: Settings -> Google -> Ads Settings и исклучете Ads Personalization.

На Chrome: Settings -> Show Advanced Settings -> Privacy и означете го полето каде што стои Send a “Do not track” request with your browsing traffic.

Се разбира, ништо од ова не е гаранција дека ќе бидете целосно заштитени од собирањето на вашите лични податоци.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија